Често се прашуваме што е причината за раскинувањето на долгите врски и кој е најчестиот проблем во повеќето бракови. Психолозите сметаат дека презирот е најголем противник на љубовта.
Тие велат дека основната заедничката емоција меѓу партнерите, после раскинувањето е презирот. Презир е емоција која не ги одобрува постапките на партнерот, а може да кулминира во нетрпеливост. Покрај тоа, оваа емоција не покажува дека партнерот во последно време ве доживува еднакво со себе, туку смета дека е неспоредливо над вас, што кај повредените жени може да предизвика фрустрација.
Ако во емотивниот однос, партнерот е затворен за позитивни вибрации од другата личност, насекаде околу себе шири негативна енергија. Таа негативност скапо ќе го чини емотивниот однос и најчесто доведува до негов прекин, тврдат психолозите.
извор:точка.мк