Прељубата го активира чувството на срам.
Луѓето кои ги изневериле своите партнери во минатото имаат поголема веројатност да го сторат тоа повторно во споредба со оние кои отсекогаш биле верни.
Психолозите кои го објавија своето истражување во едно списание велат дека причината е тоа што мозокот станува „отпорен“ на негативни емоции како што е лажењето.
Кога изневеруваме некого, делот од мозокот одговорен за емоциите се активира и поради тоа можеме да чувствуваме срам или вина. Скенирањето на мозокот покажало дека луѓето со текот на времето полесно лажат, а мозокот станува помалку подложен на изневерување. Колку помалку е чувствителен, толку полесно им е на луѓето да го лажат партнерот.
Слични резултати покажале и претходни студии. Луѓето кои изневерувале во првата врска имаат три пати поголеми шанси да извршат прељуба во следната врска од оние кои биле верни.
Исто така, тие се сомничави кон своите партнери. За прељубниците има четири пати поголема веројатност да ги обвинат своите партнери за прељуба, без разлика дали го извршиле тоа или не.
Извор: Попара.мк