Љубов и Секс

Психологија на привлечност: Како ги избираме романтичните партнери?

Психологија на привлечност: Како ги избираме романтичните партнери?

Списанието Psychology Today, врз основа на научни истражувања, дошло до неколку заклучоци за тоа што всушност се крие зад „психологијата на привлечност“ или како ги избираме романтичните партнери, а резултатите покажале значително влијание на сличноста, блискоста, но и важноста на освојувањето.

Иако старата поговорка вели дека спротивностите се привлекуваат, истражувањата покажаа дека сличноста е многу поважна. Исто така, друг фактор кој (најчесто несвесно) игра улога во изборот на партнер е близината. Истражувањата покажаа дека луѓето почесто ги привлекуваат луѓе кои редовно ги гледаат.

Истражувачите, исто така, тврдат дека едноставното бидување во возбудлива ситуација може да ја зголеми привлечноста кон другите, како и колкаво влијание имаат убавината и класичните стереотипи врз нашата дефиниција за привлечност.

Сличност

Во сржта на привлечноста е идејата дека сакаме да бидеме со луѓе кои ни обезбедуваат пријатни и позитивни интеракции. Студија за привлечноста процени дали подобрата перцепција на другите е поврзана со тоа колку луѓето се слични. За да го направат тоа, истражувачите побараа од преку 150 учесници да прочитаат прашалник за ставовите што наводно ги пополнил друг учесник или она што истражувачите го нарекуваат „лажен странец“, а потоа да ја оценат привлечноста кон лажниот странец.

Истражувачите ги сменија одговорите за да манипулираат колку е сличен лажниот странец со учесникот и колку ставови се појавија на листата. Тие откриле дека процентот на сличност е поважен од вкупниот број на слични ставови – односно дека странците кои повеќе личеле на нив се перципирани како „попривлечни“. Оваа студија ја постави основата за стотици последователни студии за важноста на сличноста во привлечноста.

Важноста на близината

Постои изрека која вели: „Можете да ги изберете пријателите, но не и семејството“. Сепак, можеби дури и вашиот избор на пријатели или партнери не е целосно под ваша свесна контрола. Во една класична студија за пријателството, истражувачите побарале од речиси 300 студенти на МИТ да ги наведат своите најблиски пријатели.

Истражувачите потоа погледнале каде живееле споменатите пријатели во студентските домови. Кога некој живеел една врата подалеку, имало 41 процент шанса да биде наведен како близок пријател. Како што се зголемуваше бројот на врати, таа веројатност се намалуваше.

Оваа студија ја покажува важноста што блискоста ја има за формирање на врски, а психолозите утврдиле дека тоа може да доведе до привлечност и љубовни врски.

Моќта на освојувањето

Што е попривлечно: некој на кој отсекогаш сте му се допаѓале или некој кој на почетокот не ве сметал за привлечни, но со текот на времето се премислил? Студијата го тестираше тоа и очекувано, на учесниците им беше мило кога оценката беше позитивна од самиот почеток, но, зачудувачки, уште повеќе им се допаднаа оние кои првично им дадоа негативна оценка, која на крајот стана позитивна.

Ова откритие ја демонстрира теоријата дека освојувањето на луѓето кои имале првичен лош впечаток ни е поважно од врската со некој што веќе ни се допаѓал.

Она што е убаво е добро

Повеќето луѓе претпоставуваат дека да се биде физички привлечен е добра работа, но оваа студија покажа колку тоа може да биде добро. Студентите гледаа слики на мажи и жени кои претставуваат неколку нивоа на привлечност. Само на база на фотографија, попривлечните луѓе ги оценија како пољубезни, поотворени, поскромни, почувствителни, друштвени и поинтересни.

Но, позитивните согледувања не завршија тука. Учесниците исто така сметаа дека попривлечни луѓе се оние кои имаат подобри работни места, подобри бракови и подобар живот.

Овие резултати ја демонстрираат нашата силна пристрасност кон физичката убавина и стереотипните верувања што ги припишуваме на поатрактивни поединци.

извор: Кајгана

To top