Љубов и Секс

Психолог советува како да откриете дали се плашите од сериозна врска

Психолог советува како да откриете дали се плашите од сериозна врска

Дали верувате дека сте подготвени за љубовна врска, но едноставно сè уште не сте ја нашле вистинската личност? Или пак, дали често завршувате со некој кој се обидува да ве одвлече уште подалеку од сериозна врска? Сте размислиле ли некогаш дека можеби проблемот е до вас, а не до момците или девојките кои ги имате или немате во вашиот живот? Сте помислиле ли некогаш дека можеби токму вие сте оние кои се плашат од врска?

Бидејќи нè привлекуваат луѓе кои се слични како нас, доколку постојано „налетувате“ на емоционално недостапни партнери, тогаш големи се шансите дека и вие сте емоционално недостапни како и исплашени од сериозна љубовна врска. За да откриете дали навистина станува збор за тоа, поставете си ги следниве 5 прашања…

Дали повеќе ви се допаѓа процесот на освојување, отколку тоа да бидете во врска?
Дали забележувате дека често сте привлечени од личност која е тешка за освојување, верувајќи дека токму тој или таа е совршениот ваш партнер? Дали фантазирате и мечтаете за оваа личност сè додека се обидувате да ја освоите, но потоа кога ќе почувствувате дека и тој/таа почнал/а да развива чувства за вас, вие одеднаш сфаќате дека веќе не сте заинтересирани?

Дали вложувате премногу време во почетокот и потоа се чувствувате заробено?
Дали сте претерано опуштени за време на почетокот на романсата, но потоа одеднаш се чувствувате заробено и искористено? Дали ја предавате вашата моќ и едноставно го правите она што другата личност го сака само со цел да избегнете конфликт?

Дали на почетокот од врска која изгледа како да има иднина се заљубувате интензивно, а потоа брзо ви станува здодевно?
Дали на почетокот се чувствувате како вашиот нов партнер едноставно целосно да ве освоил/а, но кога ќе одлучите дека сте дел од сериозна врска, одеднаш почнувате без причина да го/ја осудувате за сè и да бидете многу критички настроени кон него/неа? Дали ви делува како тој/таа што и да направи, дека едноставно не е доволно за вас?

Дали имате огромен страв од губењето на вашата слобода?
Кога размислувате за тоа да бидете дел од сериозна врска, дали станувате анксиозни и помислувате дека би можеле да се изгубите себеси? Дали имате страв од тоа да бидете заробени, да бидете „згушени“ или под контрола на партнерот? Дали можеби сметате дека треба да престанете да се ставате самите на прво место и верувате дека треба целосно да се предадете некому со цел да бидете сакани?

Дали се плашите да бидете повредени?
Кога размислувате за сериозна врска, дали се чувствувате анксиозни и се плашите за тоа дека би биле одбиени, предадени или пак, дека ќе го изгубите вашиот партнер поради смрт? Дали стравот од загубата на вашиот партнер ви изгледа како нешто толку страшно што по секоја цена би сакале да го избегнете?

Па, кое е решението за овој проблем?

Ако сте одговориле позитивно на овие прашања, тогаш вие со сигурност се плашите од љубовта. Вие мора да најдете начин како да се справите со овој ваш страв од љубовна врска. Треба многу да работите на себе со цел да развиете поголема љубов кон себе, бидејќи на тој начин ќе можете повеќе да ги љубите и оние околу вас. Исто така доколку се сакате самите себеси, вие ќе можете и полесно да се справивте со скршеното срце, самотијата и беспомошноста која доаѓа со одбивањето.

Кога ќе знаете како да не се распаднете и да не се чувствувате напуштено кога ќе бидете одбиени, вие веќе ќе знаете и дека самите сте си најважни, па токму затоа и полека ќе почнете да го губите стравот од љубовните врски и од сите оние лоши нешта кои можат да се случат во нив. Како што овој страв ќе се намалува, така сè повеќе ќе почнете да привлекувате момци или девојки кои исто како и вас, токму сега се подготвени за сериозна и здрава љубовна врска.

извор:попара.мк

To top