Љубов и Секс

Проверено: Дознајте кога сте најрасположени за секс!

Проверено: Дознајте кога сте најрасположени за секс!

Желбата кај жените за секс варира во зависност од тоа во која фаза од менструалниот циклус се наоѓа. Запознајтего својот биолошки саат со помош на сексуалниот календар на Др. Аугуст Семприни, познат италијански гинеколог

Фоликуларна фаза

Трае од првиот, па, отприлика, до 12. ден од циклусот. Во тек на оваа фаза во почетокот се отфрла целата содржина на утерусот, што трае од еден до пет дена. Се сомневате дека тоа е добар момент за секс? Грешите! На крај од оваа фаза, ендорфинот го достигнува своето максимално ниво, а зголемувањето на естрогенот доведува до совршена лубрикација ( влажнење ) на вагината. Во оваа фаза, најдобро е да водите љубов наутро, бидејки ендорфинот е на својот врв помеѓу 6 и 10 часот.

Фаза на овулација

Трае од 13. до 15. ден и жената тогаш е спремна за оплодување. Јајце клетката се преместува во една од јајцеводите, а слузата на грлото на матката станува течна, па сперматозоидите лесно стигнуваат до јајце клетката. Сега организмот го зголемува производството на тестостерон – трик на природата кој ја зголемува сексуалната желба. Тоа е најдобриот можен момент за секс. Естрогенот е на својот врв, а тестостеронот и прогестеронот ја прават жената многу расположена, дури и еуфорична и агресивна.

Постовуларна фаза

Трае од 17. до 30. ден од циклусот. Организмот сега произведува прогестерон, хормон кој ги обновува и ги обвиткува ѕидовите на матката и спречува лачење на ендорфин. Поради тоа жената може да биде многу раздразлива. А секс? Ова би можело да биде добар момент за секс, ако се изземе ПМС. На половина од оваа фаза некои жени може да почуствуваат засилена желба.

 

To top