Поп пејачот Јоце Панов и неговата сопруга Марина, вчера, 2-ри декември имаа голема причина за интимна прослава и радост во нивниот дом- роденденот на нивното синче.
Наследникот на Јоце и Марина, слаткиот Лука потпорасна и наполни една годинка.
Првите родендени на децата се секогаш најпомпезни, но поради мерките за заштита од коронавирусот, родителите на Лука го обележаа денот само со најблиските во својот дом.
Балони и торта беа неизбежни и секако прегратките и бакнежите за малечкиот.
Инаку, Јоце и Марина се венчаа во 2018 година по 10 годишна љубовна врска, а потоа на свет дојде и плодот на нивната љубов.
Среќен роденден!