Ветеринарите доктори Азиза Глас и Герардо Перез-Камарго ја нагласува важноста на љубовта, грижата и висококвалитетната храна за здравјето на постарите кучиња и како тоа може да им го продолжи животот.
Редовните ветеринарни прегледи, урамнотежена исхрана, чистење на забите и одржување на здрава телесна тежина се клучни фактори. Дополнително, тие додаваат дека е важно на кучињата да им се обезбеди ментална стимулација и љубов за да им биде животот исполнет и среќен.
Редовни ветеринарни прегледи
Редовните ветеринарни прегледи се клучни за рано откривање на болеста и навремено лекување. Тие вклучуваат годишни испитувања за возрасни кучиња и кученца и полугодишни прегледи за постари кучиња.
Урамнотежена и хранлива исхрана
Хранењето на вашето куче со квалитетна и свежа храна помага да се зачува здравјето и да се спречат болести. Свежата храна може да го отвори апетитот и да обезбеди важни хранливи материи.
Чистење на забите
Редовното чистење на забите и одржувањето на оралното здравје е важно за спречување на пародонталните заболувања и зачувување на општото здравје на кучето.
Одржување здрава телесна тежина
Дебелината може да има сериозни здравствени последици за кучињата, вклучително и развој на дијабетес и други болести. Следењето на тежината и редовна физичка активност се важни за одржување на идеална телесна тежина.
Со примена на овие совети, сопствениците на кучиња можат да му помогнат на својот миленик да живее подолг и поздрав живот, пренесува Newsweek.
извор:курир.мк