Додека некои луѓе со задоволство зборуваат за своите емоции, има и такви кои ги премолчуваат. Зборовите се проблем за поединци, но иако не го вербализирате она што го мислат или чувствуваат, нивните гестови ги „издаваат“.
Еден од патоказите на неговите чувства е бакнежот. Тој ќе ви открие што навистина се случува во неговото срце. Што значи кога ве бакнува по вратот, на усните, зглобот, стомакот, челото …?
Бакнеж на усните
Значење: Вистински ја цени вашата љубов.
Брзиот, сув бакнеж, често со затворени усни, е начинот на кој луѓето во љубовната врска се поздравуваат по доаѓањето и заминувањето. Ако партнерот вака ве бакнува дома, каде што никој не гледа, тоа е знак дека сте станале важен дел од неговата рутина и живот. Ако, пак, јавно така ве бакнува, тоа само докажува дека е сериозен кога сте вие во прашање.
Бакнеж во темето
Значење: Тој сака да се грижи за вас.
Кога мажот ја бакнува партнерката на врвот од главата, тоа значи дека е заштитнички настроен. Едноставно не може да одолее – мора да го прекине тоа што го прави во моментот и да ви стави до знаење дека се грижи за вас, сака да дели простор со вас и дека му значите сè.
Бакнеж во рака
Значење: Флертува со вас.
Кога мажот ќе ви ја бакне раката, можете да бидете сигурни во неколку работи. Како прво, тој е исклучително самоуверен човек. Потребна е храброст за еден маж (во денешно време) да бакне рака на жена, освен ако не сте дел од кралското семејство. Притоа, таквиот човек сака да глуми. Тоа не значи дека неговите чувства не се вистински, но бидете спремни на многу додворување.
Бакнеж на внатрешната страна на зглобот
Значење: Ситуацијата ќе се „вжешти“
Ова е „местото“ каде што работите се вжештуваат. Бидете сигурни дека единствената причина поради која сè уште имате облека на себе, е затоа што сте во јавност. Со овој бакнеж, мажот ви дава до знаење дека е свесен како функционира женското тело, но и дека не се плаши да го „демонстрира“ тоа.
Бакнеж во вратот
Значење: Тој има силни романтични чувства.
Генерално одличен знак. Тоа е романтичен гест со кој вели дека ве сака. Тоа го прави без ниту еден збор, но многу јасно и прецизно.
Француски бакнеж
Значење: Воодушевен е од вас, целосно.
Дури и ако со своите раце го покрие вашето лице, без разлика дали е свесен за тоа или не, тој ви открива колку едноставно е фасциниран од вас. На овој начин ви покажува колку сте му привлечни.
Бакнеж во образ
Значење: Тој навистина не е заинтересиран (бар засега).
Еден збор – млако. Тоа е сосема спротивно од бакнежот со јазик. Можеби тој се грижи на некој начин, но сè уште не на начин на кој вие тоа го посакувате.
Бакнеж покрај окото
Значење: Тој навистина ве цени.
Кога мажот ве бакнува во слепоочницата, може да се чувствувате чудно, особено бидејќи окото не се смета за ерогена зона. Сепак, навистина би можеле да уживате во овој бакнеж, бидејќи тоа е гест на љубов од вашиот партнер.
Бакнеж во чело
Значење: Тој ве сака на „подлабок“ начин.
„Тука сум и сакам да те заштитам“ е недвосмислената порака што ја испраќа овој бакнеж. Покрај тоа, тој ви кажува дека сака баш сè на вас, а не само вашето тело. Бакнежот во чело е всушност како „бакнеж во мозокот“.
Бакнеж во стомакот
Значење: Нему му е комфорно со вас.
Тој е целосно опуштен и навистина му е пријатно со вас. И тој верува дека и вие го чувствувате истото. Исто така, не секоја личност е стопроцентно задоволна од изгледот на таа регија, па мажот што ве бакнува таму, на некој начин ви се заблагодарува што ја споделувате вашата ранливост со него. Исто така, бакнежот во стомакот може да има и друго, многу посериозно значење – а тоа е желбата за заедничко дете.
Бакнеж во градите
Значење: Тој сака секс со вас.
Со таков интимен бакнеж, мажот ви покажува дека е внимателен, но и искусен. Тој сака да уживате во секој бакнеж, исто како и тој, но и во сè што следи после тоа.
извор:точка.ком.мк