Британската приватна детективка, Шарлот Нотли, се занимава со оваа професија од 2016 година, а најголемиот обем на нејзината работа го прават истражувањата неверства и сомнителни активности на партнерот на оние кои ја изнајмуваат.
Нотли неодамна ги открила главните работи со помош на кои ќе може да откриете дали вашиот партнер можеби ве изневерува.
Таа советува да проверите сѐ – од историјата на пребарување на компјутерот или телефонот на вашиот партнер, до тоа да не се откажувате да го изненадите со посета на работа. Исто така истакнува дека треба да верувате во својата интуиција.
Оваа 32-годишна експертка истакнува дека првиот показател дека партнерот можеби ве изневерува е наглата оддалеченост, односно дистанцираност. Таа го насочила вниманието и на уште две работи кои можат да укажуваат дека во вашата врска постои трета личност, криење на телефонот и изостанување и доцнења за кои нема објаснување.
„Проверете ги промените на нивните социјални мрежи, нови пријатели или следбеници. Проверете ја нивната историја на пребарување на Google, како и мапи“, советува Нотли.
„Вие веројатно најдобро си го познавате вашиот партнер, па доколку мислите дека нешто не е во ред, тогаш веројатно не е. Поголем дел од моите клиенти знаат дека нешто не е во ред кога ќе дојдат кај мене и главно се во право. Тајното однесување е клучен индикатор за секоја врска затоа што довербата секогаш мора да постои. Доколку сте загрижени, замолете го партнерот да поразговарате и дајте му можност да ве разубеди во сомнежите. Доколку сѐ уште имате сомнеж, можеби треба да верувате во својот инстинкт“, додала експертката.
Интересно е тоа што, барем доколку веруваме во статистиката на организацијата „World Population Review“, околу половина од луѓето во брачните заедници барем еднаш го изневериле својот сопружник.
извор:Точка.ком.мк