Љубов и Секс

Природна вијагра: Намирници кои прават чудо за ерекција кај мажите

Природна вијагра: Намирници кои прават чудо за ерекција кај мажите

Храната може да влијае на вашиот перформанс во спалната соба, а научниците утврдија кои хранливи состојки се витални за машкиот полов орган и како можат да влијаат на него.

Протеините не само што градат мускули кои ќе ви помогнат да изгледате привлечно, туку се и основни за изградба на ткивата, а богати се и со аминокиселини кои го подобруваат сексуалното здравје.

Кои четири хранливи материи се покорисни од останатите:

Цинк – го подига нивото на тестостерон и помага во овозможувањето ерекција и здрава сперма.

Недостигот на витамин Б12 е поврзан со еректилна дисфункција. Овој витамин е клучен за метаболизмот на клетки и производство на крв.

Аргинин ги опушта крвните садови и овозможува проток на крвта, помагајќи ви да ја добиете и задржите ерекцијата.

Магнезиумот ги намалува воспаленијата во крвните садови, го зголемува протокот на крв со што се забрзува крвта до екстремитетите и се зголемува возбудата.

Важно е да не го занемарите влијанието на здравата, телесна тежина врз сексуалното здравје и либидото. Истражувањата покажаа дека дебелината е фактор ризик за еректилна дисфункција кај мажите. Ако се борите со вишокот килограми, освен овие нутриенти ќе ви бидат потребни и намирници кои го олеснуваат топењето на маснотиите.

Треба да знаете дека кардиоваскуларните болести можат да поттикнат еректилна дисфункција.

Кои намирници содржат витамин Б12?

За да го внесете овој витамин, треба да ја збогатите исхраната со лосос, харинга, сардини, скуша и школки.

Кои намирници содржат магнезиум?

Тоа се бразилски ореви, амарант, индиски ореви.

Кои намирници содржат аргинин?

Го има во пилешки гради, немасно свинско филе, ореви, леблебија, леќа, кикирики.

Кои намирници содржат цинк?

Го има во јагнешкото месо, како и во белиот грав и ракчињата.

Најмоќни намирници за сексуалниот живот:

Јадете ги за да го почувствувате ефектот: сусам, бадеми, семки од тиква, говедско месо, мисиркино месо и џигер.

Извор:Кајгана.мк

To top