Љубов и Секс

Пријателство или нешто повеќе? Знаци кои покажуваат дека се заљубува во вас

Пријателство или нешто повеќе? Знаци кои покажуваат дека се заљубува во вас

Границата меѓу пријателството и љубовта е многу тенка, нели? Реалноста е таква каква што е, но со неа доаѓаат и проблемите со кои понекогаш и не знаете на што сте.

Пријатели или нешто повеќе? Доколку вашиот пријател ви се допаѓа или пак сметате дека вашиот пријател потајно е вљубен во вас, ова се знаците кои ќе ги забележите кај него:

Се распрашува за момците со кои се гледаш

Едно е да те праша за вчерашниот состанок или дали постои некој посебен во твојот живот, но сосема друга работа е да продолжи со распрашувањето и да премине на детали.

Другите мислат дека сте во врска

Сосема доволно е барем од една личност да слушнеш дека помислила дека сте во врска, а не дека сте само пријатели. Твојот пријател очигледно оддава такви вибрации и се однесува така.

Се дружите како пар

Излегувате насамо, а кога подобро ќе размислите и се однесувате како да сте пар.

Физички допири

Овде станува збор за гушкањата. Се почесто се гушкаш со него, а и подолго и постраствено.

Не спомнува други девојки

Затоа што за него и не постојат други девојки освен баш ти. Не ти е чудно што покрај толку сингл девојки тој никако не може да најде некоја која му одговара?

Постојано се слушате

Порано се слушавте еднаш дневно до еднаш неделно, а сега се допишувате цел ден и најчесто на негова иницијатива.

Сè памети

Кога ти е тешко тој точно знае како да те утеши и расположи затоа што, некогаш одамна си му објаснила што точно ти е потребно. Едноставно, се што ќе кажеш за него има посебно значење.

извор: Попара.мк

To top