Доењето со мајчино млеко ви овозможува да го обезбедите вашето бебе со сè што му е потребно за да расте и да се развива. Мајчиното млеко содржи супстанции, кои не можат да бидат произведени и заменети со адаптираното млеко. Доењето има свои предности како за вашето бебе, така и за вас.
ПРЕДНОСТИТЕ НА ДОЕЊЕТО ЗА ВАШЕТО БЕБЕ
- Мајчиното млеко е природно и ги задоволува индивидуалните потреби на бебето.
- Тоа содржи хранливи материи, кои се во идеален баланс и се лесно сварливи.
- Со помош на мајчиното млеко, вие му предавате антитела на вашето бебенце, за да може да се бори против инфекции. Колку подолго го доите, толку подобро.
- Бебињата, кои се хранети со мајчино млеко, поретко имаат потреба од посета на болница.
- Ако го доите вашето најмило, му го намалувате ризикот од дијареа и запек.
- Доењето го намалува ризикот од алергични реакции како егзема и астма.
- Мајчиното млеко содржи хормони, кои го помагаат развивањето на бебето. Овие хормони не можат да бидат заменети со адаптираното млеко.
- Бебињата кои се доени 8 месеци или повеќе постигнуваат подобри резултати во училиште кога ќе пораснат, отколку бебињата кои се хранети со адаптирано млеко.
- Доењето создава силна нераскинлива врска помеѓу мајката и бебето.
ПРЕДНОСТИТЕ НА ДОЕЊЕТО ЗА ВАС
- Доењето ви помага да си ја вратите нормалната тежина и согорува до 500 калории дневно.
- Мајките кои ги дојат своите бебиња, создаваат силна и специјална врска со нив.
- Доењето може да ви помогне во заштитата од развивање на рак на дојка и рак на јајниците.
- Со доењето се произведуваат ендорфини, кои имаат природен антидепресивен ефект и го намалуваат ризикот од појава на постнатална депресија.
- Мајчиното млеко е секогаш готово и не ве кошта ништо.