Зборувајќи за порнографијата, психологот Дидре Барет вели дека интернет порнографијата е една верзија на она што научниците го нарекуваат натприроден поттик, односно порнографијата доведува до зголемена возбуда која можеби не е возможна во креветот со партнерот.
Повеќето луѓе во некој момент гледале порнографија, но малкумина тоа би го признале, особено на своите партнери. Се поставува прашањето зошто порнографијата е често забранета тема меу паровите.
Според експертите, мажите и жените често ја перципираат и користат порнографијата на поинаков начин.
Додека за мажите порнографијата по правило е безопасен стимуланс, многу жени тоа го доживуваат како неверство. Но, дали навиката на гледање порно е навистина погрешно:
Ова се позитивните и негативните страни од порнографијата за мажите и жените:
Жени
Причини за гледање:
-гледањето порнографија помага жените да ја изразат сексуалноста
-кога жената гледа порнографија се зголемува нејзиното либидо
-се поттикнува поцврста врска со партнерот
Негативни страни:
-слика (перцепција) за телото
-зависност од гледање вакви содржини
Мажи
Причини за гледање:
-го ублажува стресот
-го освежува сексуалниот живот
Негативни страни:
-еректилна дисфункција
-агресија (премногу порнографија може да доведе до будење на мрачна и насилна страна која мажите не можат да ја контролираат).
извор: Кајгана