Кога зборуваме за дехидрација, ретко се споменува сексуалната активност и губењето на течностите. Често забораваме дека сексот е интензивна физичка активност, а тоа е доста исцрпувачко.
Една неодамнешна студија во Обединетото Кралство покажува дека само двајца од пет луѓе имаат тенденција да пијат вода по сексуалниот однос. Ако земеме предвид дека губиме значителна количина на течност за време на сексот, не помалку од половина час трчање, сфаќаме дека можеме малку да дехидрираме и дека бројката спомената во студијата е многу мала.
Ако после сексуалниот однос често ви се случува да ве заболи главата, можната причина за тоа е губење на течноста што не сте ја компензирале. Покрај тоа, имајте на ум дека дехидрацијата го спречува производството на хормони кои можат да го намалат либидото кај мажите и способноста на навлажнување кај жените. Значи една чаша вода на наткасната не е на одмет. Или уште подобро млеко, велат експертите.