Животот во пар е предизвикувачки и бара многу толеранција, разговори и компромис.
Брачните кризи стануваат сè почести откако парот ќе добие дете бидејќи тогаш доаѓаат и нови обврски, но и поголема одговорност.
Правилото 3х3 може значително да помогне во зачувување на хармонијата во семејството. Оваа техника подразбира секој од партнерите во текот на неделата да имаат по 3 часа слободно време само за себе. Тие 3 часа може да се поделат на повеќе кратки паузи или да се искористат наеднаш – но, целта е партнерите да бидат сами, правејќи што сакаат.
„Отприлика еден месец се придржуваме до ова ново правило и изненадена сум колкава е промената“, вели една жена за „Kidspot“, која го испробала ова правило заедно со сопругот.
Таа истакнува дека слободното време ги направило подобри родители, но тоа не е сè.
„Се случи нешто уште подобро – исчезна огорченоста, која како тивка болест го јаде бракот“.
Жената вели дека едноставно атмосферата во семејството е поопуштена бидејќи може, на пример, на мир да ја гледа емисијата која ја сака.
извор: точка.мк