Експертите за врски и брак истакнуваат дека постојат оние прашања кои не треба да се поставуваат дури и кога сте во долга и стабилна врска.
Понекогаш е многу важно, доколку сакаме да имаме здраво партнерство, да го земеме предвид начинот на кој се обраќаме, но и зборовите што ги избираме во комуникацијата.
Психолозите велат дека постојат пет прашања кои дефинитивно треба да се избегнуваат кога разговарате со емотивниот партнер.
Дали сум подобра од неа?
Никој не сака споредби со другите, особено оние што се однесуваат на минати и сегашни љубови. Избегнувајте ситуации кога поставувате прашања – дали сум подобра од неа? На овие прашања нема лесни одговори, а нивното поставување само предизвикува проблеми и го става вашиот партнер во непријатна ситуација.
Дали конечно ќе …?
Доколку ве нервира немотивираноста на саканиот, голема е веројатноста дека ќе го прашате: „Дали конечно сакаш да ја исчистиш гаражата?“ Или нешто слично. Ова не е добар начин да го поттикнете партнерот да биде продуктивен и ефикасен. Со ваков пристап ризикувате да звучите агресивно и да започнете расправија.
Што е твојот проблем?
Ако на партнерот со непријатен тон му поставите директно прашање – „Што е твојот проблем?“, тоа најверојатно ќе создаде проблем меѓу вас. Поставувањето на ова прашање е понижувачко и ќе ја наведе другата личност да застане во своја одбрана. Наместо тоа, едноставно прашајте – дали сѐ е во ред или можете да помогнете?
извор:попара.мк