Водителката на шоуто „Премиера – викенд специјал“ Тијана Прица по вторпат стана мајка и роди машко дете.
Како што информира нејзината матична телевизија Пинк.рс, името на синот ќе биде Растко, а гордата мајка по породувањето сеогласи и објави дека не ги крие возбудата и радоста поради приновата во нејзината прегратка.
– Не можев да верувам дека бебето е со иста тежина и висина како Коста. Идентични во грамови. Личи на братот Коста! Неговото име ќе биде Растко! Бебето и јас се чувствуваме добро, ми треба едно еспресо и трилече овде, ако може – се шегуваше шармантната водителка, и ова е нејзино второ дете во бракот со Бојан Печиќ.