Имајте секс исто колку што ви одговара и вашиот партнер!
Интересна студија покажа дека зголемувањето на сексуалната активност, особено по нечиј совет, нема да го подобри квалитетот на врската.Научниците од Карнеги Мелон го истражувале сексуалното однесување и задоволството на 64 хетеросексуални брачни двојки. Тие испитале колку често паровите имаат секс, колку се задоволни од сексот и ги мереле нивните температури, расположение, нивото на енергија и општо задоволство, а резултатите од истражувањето ги дава Cosmopolitan.hr.
Во следната фаза, на половина од паровите им било кажано двојно повеќе да ја зголемат сексуалната активност од вообичаено, додека другата половина требало да продолжи да практикува секс онолку често колку што и тоа го прави обично.
По 90 дена, научниците го повторија испитувањето од почетокот и дојдоа до заклучок дека со зголемувањето на бројот на сексуални односи, не го зголеми задоволството кај никој од партнерите. Во спротивно, кај овие испитаници е забележано пониско ниво на општо задоволство и ентузијазам. И мажите и жените изјавиле дека дополнителните односи не се покажале како претерано забавни.
Како што заклучи Горџ Ловенштајн, главниот автор на студијата, се чини дека секоја причина за секс, освен желбата за секс, всушност води кон намален квалитет на сексуален однос и задоволство од него. Лекција, имајте секс онолку колку што вам и вашиот партнер ви одговара, и не се оптоварувајте со размислувања за тоа колку е редок или чест!
извор:попара.мк