Радио Милева Славење на животот

„Поубаво не сум се чувствувала“:Тамара Тодевска славеше роденден, а по оригинална торта досега не добила (фото)

„Поубаво не сум се чувствувала“:Тамара Тодевска славеше роденден, а по оригинална торта досега не добила (фото)

Според некое непишано правило се вели дека годините се само број, па водена од тоа пејачката Тамара Тодевска нема проблем да открие дека вчера, 1-ви јуни наполни 37 години.

Како реализирана жена, мајка, сопруга, таа вели дека она што и преостанува е само да биде среќна.

-37 Викаат дека годините се само бројка… Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки, напиша Тамара по што следеа лавина од роденденски честитки на објавата која ја сподели на својот Инстаграм профил.

Главен фокус и симбол на нејзината среќа беа Хана и Дарен кои на мама и го направија денот уште поубав.

Впечаток остави и необичната роднденска торта изработена од чоколади и цвеќе за која Тамара им се заблагодари на испраќаните од еден познат бренф за чоколади.

А меѓу многуте честитки специјална беше онаа од нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која кон честиткат приложи глаерија фотографии и едно видео.

-Сестриче моја најмила,знаеш дека се што ти сакам, а највиште да си здрава, среќна и спокоја. Среќен роденден љубави моја, ах што ме си ми поблиску да тер гушнам, пишува Тијана на што другата страна возврати:

-Aaaaaaaa сесре моја најсакана. Фалаааа.

Тамара е позната дека ги сака вечерните клубски журки, па веројатно оваа 37-ка нема да помине без една таква забава.

Среќен роденден!

фото:тамара тодевска инстаграм

To top