Верувале или не, но постои и многу полоша работа од сексуалното неверство на вашиот партнер.
5 часот и 30 минути наутро. Чувството на нервоза расте. Ги отвораш очите, а во главата имаш глушец којшто ти ги грицка нервите. Состаноци, конференции, рокови. Зошто секогаш имаш толку работа, а толку малку време?
Го земаш телефонот и ги проверуваш електронските пошти, повиците, пораките, и сето тоа го правиш додека одиш кон тоалетот. Се подготвуваш на брзина, ги грабаш клучевите и излегуваш надвор. Седнуваш во автомобилот, ѕвониш некому, и работниот ден почнува.
Си заборавил нешто – во креветот до тебе си ја оставил сопругата. Не си ја ни погледнал. Не си ја погалил, бакнал, разбудил – си бил зафатен.
Кога ќе помине првиот бран од напорниот ден, ќе испиеш кафе, ќе го земеш телефонот и ќе ги провериш социјалните мрежи. Ќе ги прелисташ новостите и случувањата во животот на твоите „пријатели“. Повторно нема да се сетиш на жената со која го делиш животот.
Луѓето живеат заедно, но тоа не значи ништо. Се гледате наутро и неколку часа навечер. Ќе размените малку реченици и повторно ќе гледате во вашите телефони.
Сме навикнале да мислиме дека лажењето во врската всушност е задолжително и нормално. Но, вистината е дека луѓето престанале да сакаат и да се грижат еден за друг.
Секако, сексуалното неверство е многу навредлива работа, но дали некогаш сте помислиле дека скеој ден го „лажете“ партнерот?
На сите нас ни недостасува комуникација, внимание, страст, интимност, па дури и најважната работа – љубовта. Недостатокот на внимание прави многу повеќе штета од баналното сексуално неверство.
Само замислете се – конечно сте нашле личност која може да ја сакате, но мора да се борите за малку внимание.
Додека седите, ја гледате како го ажурира својот профил, ги чита коментарите, се насмевнува на комплиментите кои ги добива на својата селфи фотографија, а вие гледате Твитер, Инстаграм, пред очите ви се појавуваат други жени, нивните заводливи лица, а својата партнерка одвај да ја погледнете иако седи до вас.
Дали би ја препознале во група други луѓе? Зошто како некогаш не прошетате до паркот, не испиете некое кафе во кафуле? Дајте ѝ на љубовта уште една шанса!
Најголемиот љубовен гест денес е да ги оставите телефоните настрана и да го погледнете вашиот партнер во очи, па да го прашате: Како си?
Дали сфаќате една работа: вашата сакана личност е сè што го имате во животот! Поради тоа сега е вистинското време да ѝ покажете колку ја сакате, утре можеби ќе биде доцна.
извор: точка.мк