Актерите од порно индустријата знаат доста корисни трикови со оглед на тоа што сексот е нивно секојдневие, а еротската ѕвезда Дејза Морган откри која грешка ја прават многу парови во креветот.
Таа вели дека е голема грешка што многу жени одбиваат употреба на лубриканти, па сексот може да биде непријатен во текот на потешка пенетрација.
Морган вели дека ни самата не користела лубриканти сè додека не почнала да работи во порно индустријата, а сега не може да го замисли сексот без тоа.
„Верувам дека постои чудна стигма која владее меѓу жените кои користат лубриканти, како тоа да е „показател“ дека стареете. Сепак е погрешно мислење, без оглед на возраста, нивото на хормони или влажноста, дополнителното подмачкување никогаш не е лошо. Го прави сексот многу попријатен“, советува таа.
Истакнува дека постојат различни видови лубриканти па секоја жена може да пронајде некој по нејзин вкус. Таа лично смета дека се најдобри оние на база на вода.
извор: кајгана