Живот и Стил After work забава

Попладневно опуштање во „Distrikt Bar & Kitchen“ со меурчињата на „Prosecco Fantinel“

Попладневно опуштање во „Distrikt Bar & Kitchen“ со меурчињата на „Prosecco Fantinel“

Го знаете она најубаво чувство кога по напорниот ден ќе се освежите со чаша добро вино? Па уште ако е тоа изладено Просеко со елегантни и меки меурчиња и свежо киселкаст вкус на зелено јаболко и праска, тоагаш сте го дуплирале задоволството.

Еве прилика, секоја втора среда во ресторан „Distrikt Bar & Kitchen“ во склоп на „Skopje Marriott Hotel“ се одржува After work забава со дегустација на Просеко од реномираната италијанска винарија Fantinel која што е веќе одомаќинета на македонскиот пазар.

Во среда на 1-ви Ноември17:00 – 19:30 часот во „Distrikt Bar & Kitchen“ гостите ќе имаат можност да дегустираат Prosecco Fantinel по промотивна цени придружено со соодветна коктел храна и релаксирана музика од DJ Flooder.

Дозволете си да Ве освои Просеко емоцијата!

To top