Љубов и Секс

Попаметно е да ги избегнувате: Овие 4 работи ниту еден маж не ги поднесува

Попаметно е да ги избегнувате: Овие 4 работи ниту еден маж не ги поднесува

Веројатно се прашувате зошто односот со партнерот не може да биде идеален, но постои можност некогаш вие да бидете виновна за караниците и препреките.

Мажите не поднесуваат кога жените се однесуваат вака:

Планирање на неговото време
Можеби вие сте родена како организаторка и вашите идеи се генијални, но плановите во кои е вклучен и тој, а кои ги планитаре без него, нема да наидат на одобрување. Воопшто не станува збор за тоа колку еден план е добар или не, важно е тоа што тој, ќе има чувство дека неговото мислење не е важно и дека не го почитувате доволно. Вие можете слободно да ги реализирате своите идеи, но пред да ги донесете до свршен чин прво запознајте го вашиот партнер со нив.

Однос мајка – син
Доколку секојдневно му замерувате за многу работи, претходно запрашајте се дали сте подготвени да молчите и трпите додека сте заедно. Затоа што, доколку неговата мајка не го научила на некои навики во текот на неговиот живот, верувајте дека нема да успеете ни вие.

Плачење
Нема да ви го земе за зло тоа што ќе се расплачете на некоја емотивна сцена од филм, ниту пак доколку се соочувате со некој сериозен проблем. Но доколку пуштате солзи секојпат кога ќе влезете во расправија со него, бидете сигурни дека не ви се пишува добро, затоа што тоа мажите го мразат од дното на душата. Пораснете и престанете да се однесувате како разгалена принцеза.

Пријателство со вашиот поранешен партнер
Не ви кажуваме да прекинете секаков контакт со вашиот поранешен партнер, но настојувајте да не му ги раскажувате состаноците, шегите и разговорите со него на вашиот сегашен партнер. Колку вашиот однос со поранешниот партнер да е безопасен, тој на него секогаш ќе гледа како на сериозна закана. Па затоа, што помалку знае за вашето дружење, толку подобро.

извор: точка.мк

To top