Љубов и Секс понекогаш

Понекогаш само сакаме да чуеме колку му значиме некому

Понекогаш само сакаме да чуеме колку му значиме некому

Да слушнеме дека сме сакани и дека некој се грижи за нас е вистински благослов.

Да знаеме дека нашето присуство прави нечиј живот посреќен и поисполнет е една од најголемите радости во животот.

Да, делата зборуваат погласно од зборовите, докажуваат многу повеќе, но мора да признаете дека и зборовите ѝ годат на душата.

Токму тие ни го греат срцето и ни предизвикуваат солзи во очите, тие се поддршката и утехата што ни е потребна кога се чувствуваме осамени. Делата зборуваат гласно, но без зборови понекогаш се збунувачки.

Интересно е што во најголем дел од времето ги криеме чувствата, мислејќи дека ако гласно кажеме како се чувствуваме, ќе бидеме одбиени или уште полошо исмеани затоа што сме ранливи.

Но, криењето на емоциите навистина нема поента.

Воздржувањето од искажување на чувствата само води до сомнежи, страв и несигурност во секоја врска. Без разлика дали станува збор за љубовна, пријателска или родителска врска.

Сите сакаме да чуеме колку значиме некому, сите сакаме да знаеме дека сме сакани и ценети.

Зборовите полни љубов ни ја подобруваат самодовербата и нѐ охрабруваат во животот. Тие нѐ охрабруваат да бидеме вистинските ние во присуство на некоја друга личност.

Колку поценето се чувствуваме, толку ни станува врската со одредена личност посилна. Растеме ние, а расте и нашата љубов.

Врските со луѓето нѐ обликуваат, а пак клучот на секоја добра врска е комуникацијата… Затоа време е отворено да им ги искажете емоциите на сите луѓе што ги носите во срцето.

извор: crnobelo.com

To top