Еве го одговорот.
Повеќето жени стапуваат во брак со мажи постари од една до три години од нив, верувајќи дека тоа е најдобро за нив. Но, една студија покажа дека ова можеби не е најдобрата комбинација.
Според експертот за врски Џастин Лемилер, жените кои излегуваат со мажи кои се значително помлади од нив, обично се посреќни и позадоволни.
За да дознае повеќе за хетеросексуалните врски, д-р Лемилер испитал 200 жени. Сите тие во еден момент од животот се забавувале со мажи кои биле помлади од нив, постари од нив, но и со оние кои биле на иста возраст како нив.
Истражувањето утврдило дека најсреќни жени биле оние кои биле во врска со маж кој е околу 10 години помлад од нив. Покрај тоа што биле посреќни, тие биле подготвени да работат повеќе на врската и нејзино подобрување отколку жените кои биле во врска со постари мажи.
Иако сè уште нема доволно податоци, д-р Лемилер го изнесе својот став зошто жените се чувствуваат подобро кога се постари од партнерот. Според него, во споменатите видови врски жените имаат повеќе простор за еднаквост.
Покрај тоа, мажите кои се во врска со постара жена се исто така посреќни од мажите кои се во врска со помлада жена. Лемилер тврди дека тоа е затоа што помлад маж има поголема потреба да ја задоволи својата постара партнерка, особено кога станува збор за секс, а кога ќе успее во тоа, тој самиот се чувствува задоволен и среќен.
Други експерти го следеа ова истражување и изјавија дека причината за среќа е зрелоста на жената.
Три причини зошто жените сакаат помлади мажи
Тина Б. Тесина, лиценциран семеен терапевт во Калифорнија, тврди дека жените повеќе ги привлекуваат помладите мажи затоа што се пофлексибилни и поподготвени да се забавуваат, додека мажите повеќе ги привлекуваат постарите жени затоа што за разлика од повеќето помлади, тие знаат што сакаат, се пософистицирани и деловни.
Тесина, исто така, наведува три главни причини зошто постарите жени избираат помлади мажи и зошто помладите мажи сакаат да излегуваат со постари жени:
Постарите жени изгледаат подобро благодарение на напредокот во медицината и здравиот начин на живот кој вклучува редовно вежбање.
По разводот или професионалните достигнувања, жените повторно сакаат да имаат партнер до нив, ако не за основање семејство, тогаш за дружење и излегување.
Некои жени се одлучуваат за помлади мажи затоа што им одговара да имаат личност со себе која е повеќе фокусирана на неа отколку на нејзината кариера.
извор:popara.mk