Мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша почина на почетокот на претхондиот месец, а вчера се наполнија 40 дена од нејзината смрт.
Пејачката вчера заедно со нејзината тетка, нејзиниот менаџер, како и братот од страната на татко и, го посети гробот на својата мајка.
На поминот се појави и нејзината ќерка Атина Тошиќ која прв пат го посети гробот на Дивна, пренесуваат српските медиуми.
За потсетување, Јелена во чест на нејзината мајка купи ѕвезда која се вика Дивна.
По смртта на нејзината мајка, Јелена не се појавуваше одреден период во медиумите и не беше дел од регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, но по неколку недели таа се врати на музичкото снимање и полека се враќа на секојдевните активности.
фото: Никола Томиќ