Добар орален секс е најдобриот начин да го доведете мажот до лудило, тврди авторката на книгата “Sex Tips 101: Oral Sex-Tips to drive him wild”.
“Поголемиот дел од мажите тврдат дека оралниот секс е оној во кој гледаат дека партнерката навистина е возбудена. Ентузијазмот на жената околу оралниот секс е најдобар афродизијак за мажите. Но, важно е да не се премине границата за добар вкус и да започне да наликува на порно”, нагласува авторката.
Објаснува дека е најдобро да се започне полека и еротично, но сепак не премногу бавно за да не се намали интересот.
“Со рацете преминувајте по телото на партнерот, од образите, преку вратот, рамената…Бакнете го и гледајте го во очи додека рацете ви преминуваат низ неговите гради, колкови, до стомакот и бедрата. Галете го неговото интимно подрачје, но првично избегнете го пенисот. Потоа, полека спуштете се и започнете да го бакнувате. Бавните бакнежи се одлична предигра пред да го ставите во уста”, вели авторката.
Додека орално го задоволувате, играјте си со јазикот и зголемете го интензитетот, а секако и страствено гледајте го во очи.
“Да знаете што сака партнерот, најдобро е да се биде искрен. Прашајте го што го возбудува, а што не му се допаѓа. Едно од најдобрите чувства е кога партнерот ви покажува дека му се допаѓа тоа што го направивте. Искористете ја таа информација и овозможете му уште посензуално искуство следниот пат”, советува таа.
извор: точка.мк