Радио Милева Животна и модна еволуција

Поинаков стил со новата работа: Александра Илиевска стана мајка, па повторно застана пред камери – еве колку тоа ја промени…(фото)

Поинаков стил со новата работа: Александра Илиевска стана мајка, па повторно застана пред камери – еве колку тоа ја промени…(фото)

Кога се појави на телевизија како водителка на кулинарската емисија „Беза кујна“, Александра Пановска – Илиевска за брзо време стана препознатлив телевизиски лик. Ја знаат од најмалите до позрасните, а тогаш најмногу препознатлива по специфичната фризура со шишки и бело праменче.

Оттогаш помина доста време, таа по некоплку сезони во „Беза кујна“ многу кандидати и искуство поминато пред камери заедно со шефовите Марк и Никола, Александра набилда не само искуство, туку и популарност која денес ја донесе повторно пред камери,но на друго работно место.

Пред да се случи тоа, водителката остана бремена за првпат, а откако ја роди Сара и помина нејзиното породилно отсуство од работните обврски, таа се врати пред камери.

Овој пат на друга фреквенција и на друг проект- утринската програма на Канал 5 телевизја.

Кога започна во оваа нова улога имаше доста новини во својот живот, пред се најголемата, мајчинството. Кога почна со снимања и ја остави Сара на чување кај баба и дедо, изјавуваше дека и е многу тешко што мора да прави уште една промена, но барем знае дека бебето и е кај семејството.

Денес веројатно веќе адаптирана на се’ Александра одлично се снаоѓа во се’ како семејна и реализирана жена на секое поле.

Еволуираше и нејзиниот имиџ, па сега често ја гледаме во елегантни комбинации кои одлично и прилегаат, а и новата фризура.

Она што остана исто е нејзиниот ведар дух, позитивната енергија, шармантната насмевка и секако професионалноста пред камерите за кои велет дека ако еднаш ја почувствуваш нивната магија, ќе го сакаш тоа засекогаш.

фото:Инстаграм/Александра Пановска-Илиевска

To top