Пејачката Драгана Мирковиќ овие летни денови ги искористи за да патува до француската ривиера со семејството, поточно со сопругот Тони.
Судејќи според нејзините објави, сезоната тече нормално таму и нема страв од коронавирусот. Имено, Драгана објави неколку фотографии и видеа на Инстаграм.
Прво кога пристигна на плажа, потоа од ресторанот, каде јадеше јастог. После тоа, таа пливаше, а на крајот се заблагодари на својот сопруг во овој рај.
– Мојата доживотна љубов, моја пријател, моја поддршка – напиша таа како коментар веднаш до нивната заедничка фотографија.