Живот и Стил

Подарок за сопругата: Го трансформирал недовршеното поткровје во ормар од соништата на секоја жена

Подарок за сопругата: Го трансформирал недовршеното поткровје во ормар од соништата на секоја жена

Сите обожуваат одлични трансформации на домови, а оваа ќе ве натера повторно да размислите за своето поткровје. Џосерин Кабрера преку неколку фотографии ја покажал неверојатната трансформација која ѝ ја “подарил” на својата сопруга.

Имено, Кабрера од поткровјето направил ормар од соништата за својата сопруга. Тој ги споделил фотографиите со своите следбеници на Твитер, а твитот станал вирален и сега има повеќе од 400.000 лајкови.

Компанијата “Remodeling & Design LLC” со седиште во Мериленд е креатор на овој ормар кој може да се забележи на нивниот Инстаграм профил.

Кабрера работи на преуредување на домови веќе 15 години, а својата фирма ја отворил пред 4 години. Трансформацијата траела околу 3 недели и чинела отприлика 25 до 30 илјади долари.

“Искрено, нѝ беше потребен поголем простор за нашата облека. Еден ден се качив на таванот и почнав да размислувам за претворање на празниот простор во нешто друго, покорисно”, изјавил тој.

Процесот започнал со чистење на поткровјето, а потоа Кабрера и неговите вработени поставиле електрична енергија, го бојадисале просторот и работеле на изработка на плафонот со ЛЕД светла.

Тие вградиле полици и го преместиле мебелот од главната спална соба во ормарот, за сè да изгледа совршено. Сопругот изјавил и дека најпредизвикувачкиот дел било правењето на скали, со оглед дека тие се прицврстени само на еден ѕид, но на крајот успеале сè да доведат во најдобар ред.

извор:кармин/точка.ком.мкподарок,плакар,сопруга