Радио Милева семејни фотографии

По веста за разводот Силвестер Сталоне го прослави роденденот на неговата ќерка (фото)

По веста за разводот Силвестер Сталоне го прослави роденденот на неговата ќерка  (фото)

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин ќе се разведат по 25 години брак. И иако од оваа вест актерот беше дочекан доста неподготвен, тоа не го спречи да го прослави роденденот на својата ќерка.

Последниве денови светот се врти околу разводот на Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин, а околностите и причините сè уште не се сосема јасни.

И додека го чекаме исходот од настанот, актерот на социјалните мрежи сподели серија фотографии и сето тоа поради една причина.

Нивната ќерка Софи Роуз го прослави својот роденден, а гордиот татко сакаше да го одбележи овој голем момент во животот со своите обожаватели.

„Среќен роденден, со задоцнување, на мојата посебна ќерка Софија“, напиша актерот, а ќерката веднаш му се заблагодари.

Она што сите го забележаа е дека на фотографиите кои тој ги објави се наоѓа и неговата сопруга од која се разведува.

Да потсетиме, Флавин пред десет дена поднела барање за развод во судот во округот Палм Бич, Флорида, а во петицијата навела дека нејзиниот сопруг учествувал во намерното исцрпување и трошење на брачниот имот и барала на Сталоне да му се забрани продажба и пренос на кој било имот за време на постапката за развод.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/officialslystallone/Профимедиа

To top