Регионалните музички шоу „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не доцна“, „Пинкови ѕвезди“ им овозможаат на кандидати од регионот да се претстават на јавноста, но и да започнат музичка кариера.
Секако, некои од нив успеваат, некои од нив само се појавуваат еднаш и толку. Во претходните неколку сезони во музичкото шоу имавме прилика да гледаме неколку македонски претставници во овие музичка шоуа.
Меѓу нив беше и Огнен Здравкоски во „Ѕвездите на Гранд“ кој под менторство на Марија Шерифовиќ успеа да се покаже во најдобро светло и да стигне до финалето.
Здравкоски беше гостин во емисијата „Гранд магазин“ каде што проговори за учеството во музичкото шоу, каков ментор е Шерифовиќ, кои се неговите идни планови.
„Проблемот беше тоа што Марија ќе ми кажеше: „Ти ќе го пееш ова“ и ќе ми даде тешка песна, а јас и велам дека не можам да пејам таа песна“ вели Здравкоски.
Oгнен исто така истакна дека пред самото финале, Шерифовиќ му дала песна која треба да ја пее, но тој не бил сигурен дека таа песна ќе ја подготви бидејќи била претешка.
Здравкоски истакна дека најмногу се плашел од коментарите на Јелена Карлеуша која знае да биде строга и сурово искрена.
Инаку, Огнен деновиве подготвува нова песна која истакна дека наскоро треба да излезе, а најави дека оваа година ќе настапи на Макфест.
Огнен го гледавме во „Ѕвездите на Гранд“, а тој најави дека и неговата мајка ќе се појави на сцената на Гранд.
Во емисијата Огнен најави дека неговата мајка, Софче Џорлева ќе учествува во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.
„Таа беше моја поддршка додека се натпреварував, а сега јас сум и поддршка. Тоа е мојата мајка, Софија Џорлева. Таа ќе учествува во „Никогаш не е доцна“, а емисијата во која ќе се појави ќе се емитува на 29 септември“ вели Огнен.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/krvta-ne-e-voda-eve-chije-dete-e-ognen-zdravkovski-makedonecot-shto-rastura-vo-grand/
Тој не сакаше да открива повеќе детали за учеството на нејзината мајка, но откри дека е презадоволен од нејзиното претставување.
Како Софија Џорлева ќе се претстави во музичкото шоу и дали можеби таа ќе биде победник останува да видиме.
За потсетување, досега неколку пати победија Македонци во „Никогаш не е доцна“, односно претходната година победи Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов, пред тоа победи Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран, а пред неа победи сопругот на Ленче, Горан Кукиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=lXcWa0aYna8