Радио Милева

По смртта на нејзината мајка Јелена Карлеуша има намера да направи само едно…

По смртта на нејзината мајка Јелена Карлеуша има намера да направи само едно…

Јелена Карлеша сака да сними песна за нејзината мајка Дивна и за тоа да и се оддолжи бидејќи  секогаш беше со покрај неа. Поп-ѕвездата веќе разговарала со Марина Туцаковиќ и побарала да и напише балада со која планира да се врати на сцената кога ќе биде целосно подготвена.

Јелена сака на овој начин да и оддаде признание на нејзината мајка, која почина на 3 март во нејзиниот дом од рак на белите дробови.

– Јелена сѐ уште е потресена од смртта на Дивна, но таа полека прави планови за тоа што и како. Таа е свесна дека еднаш ќе мора да се врати во шоу-бизнисот, а тоа сака да го направи со стил.  Има намера да сними песна за нејзината мајка, бидејќи сака да ја запомни засекогаш преку музиката. Таа многу ја сака и сака да се оддолжи што секогаш беше со неа, и во добро и лошо – раскажува добро информиран извор за српските медиуми.

Според неговите зборови, пејачката веќе контактирала со Марина Туцаковиќ, со која работи веќе 22 години:

фото:инсатграм/маринатуцаковиќ

– Се слушна со Марина и ја замоли да напише емотивен текст. Ова не би требало да биде проблем за неа бидејќи се дружеше со Дивна долго време, беа  блиски долго пред Јелена да се појави на музичката  сцена во 1995 година.

– Се разбира, ќе ја исполнам желбата на Јелена да напишам песна за нејзината мајка. Се ‘уште е премногу рано да се зборува за тоа, бидејќи Дивна неодамна почина, а просто не е вистинскиот момент за тоа. Мора да помине некое време. Сè уште не планирам како треба да изгледа овој текст, сето тоа зависи од моментот кога ќе седнам – јасна е  Марина.

To top