Изминатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дефинитивно ќе ја паметиме по победата на охриѓанецот Ристе Ристески, кој успеа меѓу многуте финалисти на шоуто да биде прв и да освои награди од продукцијата и секако да се стекне со поголема популарност во регионот.
Оттогаш поминаа неколку месеци, Ристе го зема заслужениот автомобил, а сега ја најави и својата прва песна насловена „Добро утро тајно“.
На социјалните мрежи ги израдува своите бројни обожаватели со кусо видео преку кое наедно ја најави новата песна и отпеа дел од рефренот.
Она што може да се забележи е дека песната е отпеана на српски јазик, а изработена од композиторот и текстописец Бане Опачиќ.
Баладата звучи одлично и само со еден отпеан стих, а финалната верзија, како што најави Ристе ќе имаме можност да ја слушнеме многу наскоро.