Радио Милева Заедно на сцена, но не и под ист кров

По написите дека се решени да стават крај со Анета по две децении брак, се огласи Џими: „Не сме ни први, ни последни“

По написите дека се решени да стават крај со Анета по две децении брак, се огласи Џими: „Не сме ни први, ни последни“

Како гром од ведро небо викендов на домашните портали проструи веста дека музичката брачна двојка Анета и Џими Мицевски од групата „Молика“, се разведуваат по две децении брачна заедница.

Додека останатите се потпреа на непроверени информации, редакцијата на Вистина.ком.мк дојде до вистината од прва рака.

Имено, во телефонски разговор со Џими добивме потврда на ваквите написи со појаснување од музичарот дека не станува збор за празни муабети, но не многу сака да коментира за детали, освен суштината.

-Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски во изјавата за Вистина.ком.мк.

Во интерес на публиката, како и оние што ги ангажирале заено се до следната година, работата во однос на првиватните несогласувања нема да трпи.

Инаку, музичката двојка од бракот ја има ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, кој пак од претходниот брак има син кој исто така се занимава со музика.

За потсетување, минатата година Џими Мицевски беше обвинет во случајот „Транспортер“ ,предмет за наводна злоупотреба во ученичкиот превоз во Битола.

На Мицевски за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување му беше изречена алтернативна мерка – условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетиот во временски период од пет години по правосилноста на пресудата, не стори ново кривично дело.

Инаку, Мицевски има транспортна фирма, а пак во 2019 година отвори ресторан во Битола, за кој на отворањето пред гостите раскажал дека го спечалиле само од музика.

За новиот предмет  развод допрва ќе се оди на суд, а колку разумно и лесно спогодбен ќе биде затворен овој нов судски предмет, останува да видиме…

To top