На концертот во Ванкувер, Канада, поп ѕвездата Пинк повика едно 12-годишно девојче заедно да ја запеат песната „Perfect“, а девојчето ги воодушеви сите присутни на концерот.
Претходно, Викторија Ентони на Твитер изрази желба да запее заедно со неа, па тоа многу брзо дојде до пејачката и таа му ја исполни желбата на малото девојче.
„Уаууу сега јас не треба повеќе да пеам“ – рече Пинк по нејзината изведба која можете да ја проследите во продолжение.