Некои луѓе, од различни причини, кријат или не кажуваат директно кога некој им се допаѓа. Постојат знаци кои откриваат дека некому тајно му се допаѓате, па откријте дел од нив, пишува Bright Side.
1. Реагира на звукот на вашиот глас
Ова е многу важен знак кој лесно може да се забележи. Според експертите, жените користат повисоки тонови или звучат понесигурно кога чувствуваат дека некој ги привлекува. Исто така, докажано е дека сакаат пониски тонови кај мажите.
2. Ќе ви открие приватни работи за себе
Колку повеќе некому му се допаѓате, толку повеќе ќе ви се доверува и ќе ви кажува лични работи. Може со вас да сподели лични недостатоци или неуспеси, но на лежерен начин. Исто така, ќе настојува да го одржи разговорот со поставување прашања.
3. Се прави тежок за освојување
Кога некој се прави дека е тешко да го освоите, заведувањето одеднаш станува поинтересно, а вие двојно ќе го зголемите напорот за да го добиете тоа што го сакате. Кога изгледа дека сте помалку достапни, на луѓето повеќе им се допаѓате. Но, ова функционира само ако двете страни се заинтересирани една за друга.
4. Нагласува дека е слободен
Ако во разговор одеднаш кажат дека не се гледаат со друг/а, обрнете внимание на тоа. Ако сакате да направите прв чекор, ова е знак дека вреди да се обидете. Нагласуваат дека се слободни бидејќи сакаат да покажат дека ги привлекувате.
5. Се шегува со провокации
Ова е знак кој може да го забележите во текот на разговор. Ако ви се смеат за нешто, но на благ начин, можно е да им се допаѓате бидејќи тоа е стил на кокетирање. Ако и вие чувствувате исто, само напред. Внимавајте, провоцирањето може да биде забавно и возбудливо, но ако се шегувате со нешто во кое не сте сигурни, имајте на ум дека тоа може да има и негативни конотации.
извор: кajгана