Некогаш кон партнерот се однесувате како кон дете, а не сте ни свесни за тоа. Постојат знаци кои укажуваат дека кон својот партнер се однесувате како мајка, а за да ја поправите грешката најпрво треба да ја препознаете.
Најздрави се оние врски во кои партнерите се рамноправни. Секако, во врската треба да се грижите еден за друг, но притоа е важно да ја разликувата грижата за партнерот од грижата кон детето. Многу жени не се свесни за таа разлика. Ова се 5 показатели дека на својот партнер му глумите мајка.
Секогаш му приговарате
Ако имате приговор за сѐ што ќе направи, тоа значи дека кон него се однесувате како мајка. Никој не сака константни приговори и во врската е најдобро проблемите да ги решавате со конструктивен разговор.
Вие сте секогаш во право
Ако сметате дека вие сте секогаш во право кога ќе се скарате, тогаш партнерот не го доживувате како рамноправен, а тоа е едно од основните правила во врската. Тоа сигурно го забележува и вашиот партнер и не се чувствува добро поради тоа.
Вие сте негова слугинка
Ако ги редите неговите алишта, собирате трошки по него, му готвите и му го сервирате секое јадење, се грижите дали е чист, испеглан, тогаш ви честитаме вие сте станале мајка на својот партнер, а не сте свесни за тоа! Во здрава врска домашните обврски треба да бидат еднакво распоредени меѓу партнерите.
Секогаш го браните
Доколку на својот партнер во јавноста секогаш му глумите адвокат кога нешто ќе каже или направи, тогаш треба да сфатите дека наместо да го оправдувате или штитите како мајка, подобро научете го да преземе одговорност за своето однесување.
Потполно го контролирате
Со таквото однесување го потсетувате на мајка му. Ако се обидувате да го контролирате секој аспект од вашата врска, вклучувајќи го и неговиот живот, на тој начин покажувате дека немате доверба во партнерот. Тоа може многу лошо да влијае врз вашата заедничка иднина.
извор:среќа.мк