Разговорот за тоа што се случува помеѓу вас може толку многу да го исплаши партнерот, што тој ќе го избегнува разговорот на секој можен начин. Во меѓувреме, жената чувствува дека нешто се променило, а овие знаци откриваат дека вашите внатрешни чувства не ве лажат.
1. Интуицијата ви го кажува тоа
Не можете да ја измамите женската интуиција. Внатрешната вознемиреност не доаѓа без причина и не можете одеднаш да се разбудите наутро и да чувствувате дека нешто не е во ред. Тоа значи дека постои некоја причина за вашата вознемиреност.
2. Престанал да планира средби со вас
Ако некој сака да комуницира со вас, ќе најде време за вас дури и за време на итен состанок. Ако партнерот е премногу зафатен и не знаете кога ќе го видите повторно, тоа е лош знак.
3. Многу ретко ви пишува и ви се јавува
Можеби ќе се правда со обврските, со гужвата, со своите проблеми или со скршениот телефон. Вистината е дека луѓето секогаш наоѓаат време за некој што им е важен. Партнерот само се обидува да се оддалечи и да го избегне потребниот разговор.
4. Веќе не се шегува со вас
Партнерот веќе одлучил за себе: вашата врска има тажен крај. Поради тоа, не е расположен за хумор и за забава. Наместо тоа, тој размислува за тоа како да ви раскине.
5. Не е љубоморен
Ако мажот сака врска, вашата верност е важна за него. Ако не му пречи тоа што ќе се сретнете со поранешниот партнер, извлечете заклучок од тоа. Вашиот партнер едноставно веќе не е заинтересиран за вас. Не прашува ништо, не кажува ништо за себе и учтиво ви одговара на пораките, но не се труди? Тоа значи дека тој само го чека моментот да ви каже дека веќе не ве сака или се надева дека ќе се повлечете без објаснување.
Извор: Попара