Истражувачи анкетираа 793 мажи и жени со цел да го оценат нивото на возбуда на различни делови на телото. За жените веќе е општо познато кои се најголемите точки на возбуда, но мажите се потаинствени и потешко се отвораат.
Резултатите од студијата се објавени во журналот Cortex. Анкетираните биле замолени да го оценат секој дел од телото на скала од 1 до 10 според нивото на возбуда.
Еве на кои делови треба да обрнете посебно внимание:
1. Ушите
Следниот пат кога ќе почне некој натпревар и тој одбива да го тргне погледот од играта, знаете точно каде невино да го допрете или можеби грицнете.
2. Грбот
Уште еден силно потценет дел од машкото тело е токму грбот. Изненадете го со благи и брзи бакнежи или нежно цртање со прстите додека е свртен со грбот.
3. Брадавиците
Да, и машките брадавици се многу чувствителни исто како и женските. Обрнете им посебно внимание и малку повеќе време, па ќе се уверите.
4. Вратот
Иако се чини дека допирањето на вратот не е толку еротично за мажите како што е за жените, ова место и понатаму е на врвот на листата на мачки ерогени зони. Затоа, не го занемарувајте.
5. Усните
Мажите ја ценат својата уста како исклучително чувствителна ерогена зона, многу реагираат на допир, притисок и температура. Освен тоа, бакнувањето го ослободува хормонот на љубовта, окситоцин.
извор: Кајгана