Љубов и Секс

Пет сигурни знаци дека сте вљубени

Пет сигурни знаци дека сте вљубени

Дали се заљубив? Ова е прашање кои многумина си го поставуваат по почнувањето на нова врска. Особено, бидејќи љубовта се манифестира на различни начини. За едни, таа претставува пеперутки во стомакот, а за други страст.

Како да бидете сигурни дека сте се заљубиле?

Искрени сте со партнерот
Според некои истражувања, заљубеноста придонесува кон искреност. Ако сакате да споделите важни работи за себе со партнерот, а тие ве прифаќаат со сите ваши маани и доблести, тоа значи дека навистина сте заљубени еден во друг.

Се чувствувате позитивно по физичкиот контакт со партнерот
Сексот не е само физички чин, туку и начин да ја истражите својата врска со партнерот и да се разберете еден со друг. Сексот носи многу убави работи за врската. Ако се чувствувате убаво и позитивно, тоа е сигурен знак дека сте заљубени еден во друг.

Секогаш го избирате својот партнер, без оглед на тоа колку луѓе запознавате
Истражувачот Милер во 1997 година докажал дека личностите кои не се многу заљубени и предадени во врската, постојано се отворени за нови познанства кои би можеле да донесат до нова љубов. Од друга страна пак, оние кои се заљубени не размислуваат за други потенцијални партнери бидејќи се задоволни и среќни. Тие гледаат само една личност.

Не се плашите од ризици со личноста која ја сакате
Преземањето ризици е доказ за вашата заљубеност. Според многу истражувања, таквата љубов партнерите ја чувствуваат заштитена и посреќна.

Секогаш се трудите да му го олесните животот на својот партнер
Му помагаме, давате совети и поддршка. Не дозволувате тој/таа да бидат тажни, доколку вие нешто можете да направите околу тоа. Ова е знак дека сте заљубени и се движите кон сериозна врска.

извор: Нетпрес

 

To top