Сексот за некои партнери сè уште е тaбу тема. Иако ве интересираат работи кои би сакале да ги знаете, се срамите да разговарате со партнерот односно партнерката за нив.
Таквите прашања предизвикуваат недоразбирања. За што станува збор?
На кој начин да ги искажете вашите желби?
Како и во сите сфери на меѓучовечките односи, комуникацијата е клучна за добар сексуален живот. Обидете се да не сте премногу критички настроени. Секогаш давајте комплименти, а потоа обидете се да му кажете на партнерот дека сакате да промени некои навики. На тој начин и двајцата ќе бидете задоволни.
Како да ја зголемите желбата за секс?
Грижете се за вашето физичко здравје. Одете редовно на преглед кај вашиот гинеколог за да ја исклучите можноста за проблеми со либидото. Затоа, здравиот начин на живот ќе придонесе да немате проблеми во сексуалниот живот. Хранете се здраво и практикувајте некаква физичка активност. Тоа има позитивно влијание на либидото.
Не доживувате оргазам
Недостатокот на оргазам за време на секс е апсолутно нормален. Само 15 жени го достигнуваат преку пенетрација. Разговарајте со вашиот партнер и обидете се да го вклучите овој елемент во вашиот однос. Може да користите еротски играчки кои го стимулираат клиторисот.
Колку често треба да имате секс?
Не постои правило. Важен е квалитетот, а не квантитетот. Интимноста и романтиката во врската се поважни од сексот. Доколку имате емотивна близина, сексот е само шлаг на торта.
Дали употребата на сексуалните помагала е знак дека нешто не е во ред?
Најчесто поставуваното прашање е дали е во ред употребата на секс играчки.
Секс играчките ви помагаат да бидете стимулирани. Со нив внесувате нова, свежа енергија во сексот.
извор: Курир.мк