Љубов и Секс

Пет работи за сексот кои треба да ги знаете до 35-та година

Пет работи за сексот кои треба да ги знаете до 35-та година

Истражувањето покажало дека жените постари од 35 години најмногу уживаат во сексот. Причината е, како што тврдат научниците, подобро го познават своето тело, желби и потреби.

Поради тоа ви ги претставуваме малите женски правила кои сите дами треба да ги совладаат до 35-та години од животот.

1. Го правите тоа што сакате

Задоволството кое сексот може да го донесе е неверојатно, но само ако го работите она што ви одговара. Не треба да ви биде срам да го одбиете она што не го сакате, но исто така и не треба да се воздржувате од пробување на нови работи.

poljubac-1424884613-55067

2. Експериментирањето не е табу

Довербата меѓу партнерите кои се во долга врска и тоа како може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос. Кога луѓето доволно се познаваат, малите експерименти во сексот се повеќе од добредојдени. Испробајте, комбинирајте, уживајте!

3. Никогаш и никаде без заштита

Освен од непосакувана бременост, заштитете се и од полови болести кои во последно време ги има повеќе од што мислиме. Тоа посебно се однесува на новите врски и новите интимни работи.

par-u-krevetu-1416669574-51491

4. Го сака своето тело

Телото во 20-те години од животот е преубаво и затоа не треба да се штедите. Женската силуета е многу моќно оружје на кое не може да одолее ниеден маж, па затоа поиграјте си со сопствениот сексапил и уживајте во она што го имате бидејќи подоцна ќе се каете што не сте го направиле.

5. Не брзате никаде

Сексот може да биде многу интересен и може да трае цел ден и цела ноќ. Но, не е се во самиот сексуален чин, туку во многу ситници пред и по него. Играта на заведување, топлата предигра, жешките паузи, мазењето по сексот…Можностите се разни, интересни и забавни. Уживајте во сексот истражувајќи ги своите желби и потреби!

извор:нетпрес.мк

To top