Љубов и Секс

Пет работи што мажот ги прави за време на секс, а кои покажуваат дека те сака

Пет работи што мажот ги прави за време на секс, а кои покажуваат дека те сака

Сексот е природна и прекрасна работа. Може да имате одличен секс без љубов и емоции и тоа е сосема во ред, ако и двајцата го сакате тоа.

Сексот со емоции е „малку“ поинаква приказна. Нивото на интензитет и чувството што трае и трае потоа се незаменливи.

Можеби понекогаш е тешко да се „прочита“ што мисли и што чувствува мажот. Ако уште не ви кажал „те сакам“ или не го кажува тоа доволно често, ова се работите кои мажите ги прават за време на секс, а откриваат дека се лудо заљубени во вас.

Те гледа во очи

Погледот има огромна моќ на комуникација. Се вели дека низ очите може да му погледнете некому во душата. Мажот кој те сака те погледнува во очи додека водите љубов и не го трга погледот. Напротив, ужива во тоа и емоциите ви се јасни. Ако не може да те погледне во очи додека имате секс, неговите емоции искажани со зборови не се вистински. Истото важи и кога разговарате. Гледањето во очи е чин на интимност.

Те бакнува по целото тело

Бакнежот е еден од првите интимни контакти во една врска. Еден бакнеж може да испрати бран возбуда низ целото тело. Во бакнежот може да ја почувствувате целата страст на моментот. Кога станува збор за бакнување за време на секс, овие бакнежи кажуваат многу. Ако партнерот не е задржува само на „вообичаените“ зони, како устата, вратот и градите, туку те бакнува по целото тело, тоа е знак на искрена емоција и целосно интимно предавање.

Фокусиран е на тебе

Да, на сите ни се случило да бидеме преокупирани со работа, да носиме со себе некоја грижа од работното место, а понекогаш и ја носиме работата дома. Но, мажот кој е заљубен во тебе нема да ја користи работата како изговор за неквалитетен, непосветен или никаков сексуален живот со тебе. Ако навистина има проблем, ќе го искомуницира тоа со тебе, а не само да го приложи како изговор и да се дистанцира. Во сексот е фокусиран на тебе и само на тебе.

Ќе направи сѐ да се чувствуваш удобно

Довербата меѓу двајца партнери е многу важна за врската, особено за нивната сексуална врска. Мажот кој те сака нема да се обидува да те принуди на нешто што ти не сакаш да го направиш, од секс без заштита до одредени пози или потези за време на сексот. Исто така, нема да форсира да имате сексуални односи кога не си расположена или ако поминало одредено време, туку ќе разговара за тоа и ќе направи сѐ да се чувствуваш удобно.

Орален секс

Многу мажи не сакаат да пружаат орален секс и често тоа го гледаат како реципрочно уживање – ти мене, јас тебе. Мажот кој те сака ќе ти го пружи задоволството на орален секс, ако е тоа нешто што и ти го сакаш, без разлика дали, кога и колку пати ти си го задоволила орално. Мажот кој те сака ќе сака ти да уживаш во сексот исто колку и него и ќе се труди да бидеш сексуално задоволена.

извор:кајгана

To top