Неверствата во врските и браковите отсекогаш се непресушна тема. Се поставува прашањето кој изневерува повеќе, дали мажите или жените, но тоа не може точно да се утврди. Има теории кои покажуваат дека мажите изневеруваат само за секс, а жените развиваат чувства кон мажот со кој го изневеруваат партнерот. Тоа е причината зошто мажите коишто ја изневеруваат сопругата остануваат во брак и се трудат да го сокријат неверството.
Жените коишто се согласуваат да бидат љубовници сметаат дека нивниот партнер ќе ја остави жената и ќе биде со нив, но најчесто тоа не е така.
Зошто мажите остануваат со жените кои ги изневеруваат?
Решение на проблемите
Мажите најчесто изневеруваат бидејќи имаат проблеми со партнерките. Исто така, доколку не можат да разговараат со партнерката и бараат решение на проблемите – најчесто изневеруваат. Ова е најбаналната причина бидејќи вашата сопруга е личноста на која треба да ѝ кажете сè и која ќе ве разбере.
Бараат потврда
Мажите коишто имаат ниска самодоверба изневеруваат. Тие немаат доволно храброст да ја напуштат партнерката со која се во брак. Ако не се чувствуваат доволно привлечно, изневеруваат за да најдат признание на друго место.
Сакаат возбуда и бегство од „рутината“
Мажите ги возбудува опасноста и аферата. Иако ја сакаат сопругата или девојката, сакаат да имаат и тајна романса. Ваквите видови на мажи одат многу далеку, па дури ги заведуваат и пријателките на сопругата. Никогаш не ја оставаат партнерката и раскинуваат доколку сметаат дека авантурата почнува да им пречи.
Добиваат сè што сакаат
Има малку парови коишто навистина се среќни во бракот и добиваат сè што им треба од партнерот. Останатите имаат хармонија со партнерката, додека со љубовницата имаат чувство на авантура и страст. Добиваат сè што ќе посакаат.
Не им се исплати да се разведат
Во најголемиот број на случаи многу парови не се разведуваат поради финансиски аспект. Тие знаат дека ќе треба да го поделат богатството, а тоа не им одговара.
извор: Кајгана