Зимскиот период подразбира дека повеќе време поминуваме дома, а во некои домаќинства тоа значи дека целото семејство е собрано во просториите во кои се грее.
Децата се постојано дома, а ако со вас живеат и родителите на партнерот, немате многу приватност и простор за интима. Истото важи и ако делите стан со цимери.
За да не трпи вашиот сексуален живот, пробајте ги овие пет тивки секс пози што ќе внесат возбуда и ќе го потпалат огнот меѓу вас и вашиот партнер.
Жената одозгора
Оваа поза се разликува од класичната „каубојка“ бидејќи партнерот е потпрен со грбот вертикално наместо да е легнат хоризонтално, а вие го опчекорувате, со колената поблиску до неговото торзо. Движењата се бавни и сензуални, така што не правите многу врева, а тишината само придонесува за вжештување на атмосферата.
Мисионерско гушкање
Слично на мисионерската поза, со таа разлика што ќе ги кренете колената повисоко и ќе го гушнете партнерот со нозете околу грбот. Во оваа поза ќе ги порамните карличните коски, што значи дека не ви е потребно многу движење, односно нема многу „крцкање“. А има многу стимулирање на клиторисот.
Крст
Партнерот нека легне на страна, а вие доближете му се попречно и префрлете ги нозете преку неговиот колк. И оваа позиција не бара многу движење и бревтање, а нуди голема контрола на пенетрација. Плус, ова е поза за одмарање, ако тој ден сте биле под стрес.
Овација
Оваа поза е одлична за секс на брзинка, а може да ја изведете речиси секаде (зошто не наутро во бањата?) Сѐ што треба е да ја погодите висината и да кренете една нога, додека партнерот пенетрира одзади. Не се воздржувајте од користење лубрикант за оваа поза.
Странична 69-ка
За разлика од традиционалната поза 69, двајцата лежите на страна и ја подигнувате ногата што е од горната страна за полесен пристап. Многу е поинтимна, а нема да правите многу врева бидејќи… устите ви се зафатени.