Хемијата помеѓу партнерите е комбинација на емоционална и физичка привлечност, а доколку сакате да имате здрав сексуален живот, навистина е важно да разговарате на тема „секс“.
Во продолжение прочитајте за кои пет теми треба да разговарате отворено со партнерот.
Фантазии и фетиши
Вашиот партнер сака да го врзете, а вие не баш? Или обратно? Разговорот за сексуалните фантазии и фетиши со партнерот ќе ви овозможи да се запознаете со сите важни информации и ќе дознаете дали сте подготвени доколку партнерот сака да експериментира.
Сексуалната историја и тајни
Сексуално преносливите болести, сексуалните проблеми, историја на болеста. Тоа се теми за кои со парнерот треба да разговарате отворено затоа што во ваш интерес е да знаете за такви информации. Тоа се теми кои не треба да ги избегнувате во никој случај.
Желби и потреби
Никој од нас не може да чита мисли, а за да партнерите уживаат во сексуалниот живот мора да знаат што другиот партнер сака и мисли. За да се оствари вашата желба, потребно е да разговарате. Не срамете се, разговарајте за сето она што го сакате и за она што сакате да експериментирате.
Колку често треба да имате секс?
Еден од честите проблеми кој се јавува во врската е неусогласениот сексуален нагон, односно еден од партнерите сака почесто да има секс. За овој проблем треба отворено да разговарате. И двете страни ќе бидат задоволни со компромисот на крајот.
Омилени заеднички сексуални искуства
Ако долго време сте заедно, знаете дека не секој секс е еднакво добар. Поради тоа е важно да разговарате за искуствата кои ви останале во паметење. Повремено потсетете се на сексот кој бил прекрасен и повторете го.
извор: Кајгана