Љубов и Секс

Пет најчести работи кои можат да ви се случат и многу лесно да ја уништат желбата за секс

Пет најчести работи кои можат да ви се случат и многу лесно да ја уништат желбата за секс

Ви ги претставуваме петте најчести работи кои можат да ви се случат и многу лесно да ја уништат желбата за секс кај едниот или пак кај двајцата партнери. Но, сепак не треба многу да паничите туку само разгледајте некој работи и лошите работи претворете ги во добри.

Пребирливост

Многу од нас најјаките оргазми ги доживуваат при орален секс. Затоа ако тоа задоволство му го скратите на партнерот, очекувајте тој да ви замери поради тоа. Девојките кои бегаат од тоа кога момчето ќе им го спомене дефинитивно ќе се најдат на неговата листа на партнерки со кои не сака да спие повеќе. Самиот израз на незадоволство на лицето на партнерот додека приоѓа до вашите интимни зони е доволен да ја уништи цела магија.
Надминете го тоа! Ако ве мачат мирисите, пристапете му на партнерот веднаш после туширањето. Освен тоа, одберете поза во која вие ќе имате целосна контрола. Морате да престанете да мислите на хаосот кој неминовно ќе го оставите зад вас. Сексот е таков и тоа не може да се промени.

Страв од експериментирање

Вашиот партнер сака да го лиже шлагот од вашето стомаче или партнерката сака да се облече како конобарица? Прифатете ги тие игри пред да ви падне на памет да прашате: „Од која планета си ти?“
На кој му е гајле ако просечните луѓе не сакаат такви работи? Значи, додека никој не е физички или емотивно повреден сите игри се дозволени. Ништо не ја убива желбата за секс повеќе од тоа еден од вас двајца да не сака да учествува во играта.
Надминете го тоа! Имајте ја моралната обврска према партнерот барем еднаш да го пробате тоа што тој/таа го сака или пак вие предложете нешто такво.

Не доволно познавање на своето тело

Многу девојки првиот оргазам го доживуваат додека се сами затоа што им треба малку повеќе труд и време тоа да го постигнат за разлика од момците. Додека момците кои се во пубертет пробуваат да се контролираат во јавноста, кај девојките тоа е друг случај. Тие тоа време најчето го поминуваат во својата соба и го истражуваат своето тело. Фрустрирачко? Можеби, но секако вредно искуство.
Истражување на различни техники на мастурбирање се исплати и при првиот сексуален однос. Во спротивно може да има многу непријатности и незадоволства. Затоа обрнете внимание како на својот партнер, така и на себе. Уживањето во сексот не доаѓа самото од себе, тоа не е магија која се случува туку така. За да бидете синхронизиран пар потребно е да поработите на тоа.

Избегнување „водење“

Ако секогаш чекате вашиот партнер да започне секс тогаш дефинитивно многу пропуштате. Моќта може да биде голем дигател, а ништо не е посекси од тоа да се соблекувате пред партнерот кој ве „голта“ со поглед.
Правете го првиот чекор што почесто. Луѓето се дело на навиката. Не дозволувајте сексот да ви стане навика. Не морате да чекате сè друго да биде совршено па да одите во кревет и да уживате заедно. Предлагајте нови идеи и пробајте да ги остварите.

Срамежливост

Тоа често се случува. Во еден момент сте расположени и сакате да имате секс, но нешто ќе се случи и вие ќе се повлечете во себе. Можеби сте сфатиле дека дошло „она време во месецот“ и креветот изгледа како бојно поле. Време е за искрен и отворен разговор. Срамежливоста е уште една работа која може да се надмине со тек на време!

To top