За романтичарите, заљубувањето е покажување внимание преку подароци и гестови, додека други го изразуваат преку активно слушање на партнерот.
Заљубувањето е веројатно едно од најубавите чувства на светот, „пеперутки“ во стомакот, трнење низ телото, „главата во облаци“, се придружните реакции на кои никој не останува рамнодушен.
И покрај сличните реакции, луѓето го доживуваат ова чувство на различни начини. Ако ги прашате мажите што значи тоа за нив и како тие покажуваат дека се заљубени, веројатно ќе добиете сосема различни одговори.
За романтичарите, заљубувањето е покажување внимание преку подароци и гестови, додека други го изразуваат преку активно слушање на партнерот.
А еве некои од најчестите одговори за тоа како се чувствуваат мажите кога се заљубени:
Не ги забележувате нејзините маани
– Не секогаш постапувате логично, не ги забележувате нејзините маани. Лесно ги решавате несогласувањата и не поминувате време заедно само кога сте интимни, се е многу повеќе од тоа.
Со текот на времето, таа станува вашата омилена личност. Имате заеднички активности, се усреќувате еден со друг, се чувствувате сигурно кога сте заедно – изјавил еден маж на социјалната мрежа Редит.
Сакате таа да се чувствува среќна како и вие
– Посреќни сте и посигурни од било кога. Освен тоа, имате голема потреба таа да се чувствува така покрај вас. Имате голема наклонетост кон таа личност, чувствата ви се многу подлабоки отколку кон другите, поврзани сте на сите нивоа – вели друго момче.
Се чувствувате како да припаѓате таму
Трет маж изјавил дека се чувствува удобно кога е заљубен.
– Кога сте заедно, знаете дека ова е местото на кое припаѓате, дека ова е личноста со која сакате да бидете таму, присутни во моментот. Вистинската љубов е пријатна, се чувствувате „дома“. Треба да ја слушате и да го апсорбирате секој нејзин збор.
Чувствувате чиста радост
– Можеби многумина не се согласуваат со мене, но не верувам дека љубовта е единственото чувство на кое се држите. Љубовта е врска која може да има многу различни чувства, главно добри, понекогаш лоши, а понекогаш и без чувства.
Важно е простувањето и почитта да владеат со вашата врска и таа да биде взаемна. Треба да се чувствувате потребни и посакувани, и вие и другата страна – еден тип го сподели своето мислење за заљубувањето.
Заљубеноста е благодарност
– Љубовта е сигурно, топло, безбедно засолниште. Благодарни сте што вашиот партнер е таму и покрај неговиот хаос во светот и вселената. Љубов е кога сте си цел свет еден на друг…кога чекаш некого и не сакаш да раскинеш.
Тоа е мирен глас, силна прегратка. Заљубеноста е љубов, а љубовта е благодарност – еден млад човек објасни како се чувствува кога е заљубен.
Извор: Курир.мк