Ако сакате да го подобрите сексуалниот живот, веднаш престанете да ги правите овие пет грешки поради кои многу мажи изгледаат како вистински почетници во кревет.
Некои грешки едноставно можат да го убијат сексуалниот нагон кај партнерот. Мажите често претпоставуваат што сака жената на основа на нивното сопствено искуство или можеби од тоа што го гледаат на порно филмовите. Но, во реалноста, работите не се толку едноставни. Тоа што ѝ се допаѓа на една жена не значи дека ќе ѝ се допадне на друга, а порно филмовите е најдобро да ги заборавите, бидејќи навистина немаат допирна точка со реалноста.
Прочитајте ги следните совети:
1. Клиторисот не е грепка
Туку чувствително место кое може да доведе до исклучително уживање. Кога ќе го допрете клиторисот на партнерката внимавајте на нејзината реакција. На секоја жена ѝ одговара различна стимулација, но навистина е мал бројот на жени кои сакаат брзи, вртоглави допри со прсти или одење горе-доле со прстот како да се обидувате да изгребете грепка. Бидете фокусирани и внимателни, слушајте како таа реагира и така менувајте ги брзината и ритамот.
2. Сексот не е мисија за пронаоѓање на Г-точката
На многу мажи не им е јасно каде се наоѓа Г-точката, која е можеби најпознатата точка на задоволство кога станува збор за женското тело. Се наоѓа на 5 до 7 сантиметри во вагината, на предниот ѕид. Стимулацијата со прст понекогаш е посилна од пенетрацијата, а најдобра поза за стимулација е доги-стајл позата, која може да се изведе на повеќе начини.
Но, ако пенетрирате со прсти немојте тоа да го претворите во долго, досадно барање на Г-точката. Немојте тоа да го правите подолго од половина минута или минута бидејќи вашата партнерка набргу ќе се почувствува како да е на лекарски преглед, а не со вас во кревет.
3. Предиграта не е досадна обврска
Многу мажи на предиграта гледаат како на нешто досадно, нешто што ете мора да се случи и пожелно е да трае што пократко.
Предиграта го подигнува нивото на возбуда, колку повеќе внимание посветите толку пожешка ќе биде акцијата.
4. Сексот не треба да биде предвидлив
Во него треба да има возбуда, изненадувања, добра акција која почнува со нежни допри и кулминира понатаму. Или обратно, ако сте почнале погрубо изненадете ја со нежен бакнеж или допир. Малите детали прават голема разлика..
5. Нејзините гради не се балони
Многу мажи во налет на страст ги третираат градите на нивните партнерки како да се балони наполнети со вода, ги фаќаат со цела дланка и ги стискаат. Тоа воопшто не ги возбудува жените, а може да биде непријатно и болно.
Фокусирајте се на брадавиците, играјте си нежно со нив. Заборавете на штипење, удирање на градите и извртување на брадавиците, без разлика колку жестока е љубовната игра таа не треба да вклучува грубост кон градите. Тие се можеби најеротскиот дел од телото.
извор: кајгана